ВМРО ќе побара надзорна расправа во парламентот за поскапувањето на струјата

by Фокус

На денешниот трет протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата, претставници на опозициската партија со автомобили од паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, по булеварот „Партизански одреди“, дојдоа пред просториите на Регулаторната комисија за енергетика.

И на овој протест беа присутни поголемиот дел до раководството на партијата, како предводено од претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски и генералниот секретар Игор Јанушев.

Во агендата за овој протест, немаше обраќања на говорниците, но Јанушев со уште две женски лица на вратите на РКЕ залепија транспарент на кој пишуваше „Оставка“

Во изјава за медиумите, тој порача дека го креваат гласот против посакувањето на струјата кое носи осиромашување на граѓаните, а Македонија, според него, е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја подигнала цената на електричната енергија за 7,4 проценти.

-Исто како и Владата така се однесува и РКЕ и избегнува да им одговори на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните. Комисијата е обична маша во рацете на Заев, тоа што тој го бара тие само слепо го спроведуваат а целта е да се покрие расипништво работење во енергетскиот сектор. ВМРО-ДПМНЕ ќе побара надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет за посакување на цената на струјата. Ќе побараме да се разгледа начинот на работа на РКЕ и на кој начин се носат ваквите штетни одлуки – најави Јанушев.

Поврзани новости