Полицијата примила повик дека има бомба на Партизанска

by Фокус

Попладнево до полицијата стигнал повик преку кој е дојавено дека на булеварот Партизански одреди има бомба.

Како што објави ТВ 21, во моментов полициски службеници вршат проверки на лице место.

По завршувањето на увидот се очекува МВР да излезе со подетални информации.

Поврзани новости