ВМРО и ГЕРБ се ‘судрија’ пред домот на Борисов за Македонија

by fokus

Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски вечерва се собраа на протест пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за да го искажат револтот зошто тој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, јави БНТ.

Демонстрантите носеа транспарент „Не ја предавајте Македонија“ и скандираа: „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

Од друга страна, пак, пред домот на Борисов имаше и контрапротести – активисти и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ дојдоа да го поддржат лидерот.

Бугарските медиуми јавуваат дека спротивставените страни се расправале и степале, но на крајот Борисов и Џамбаски се ракувале.

Поврзани новости