ВМРО ги повика граѓаните на митинг за силна и стабилна Македонија

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваме сите граѓани, мирно и достоинствено, да излезат во понеделник во 20 часот и да дадат поддршка на, како што велат, силна и стабилна Македонија.

– Граѓаните на Македонија ќе излезат на улиците на Скопје за да покажат дека се борат за почитување на правото на глас, за почитување на изборната волја, за отварање на нови работни места, ќе покажат дека се борат за новите фабрики и автопати. Граѓаните на Македонија ќе излезат за да дадат поддршка на безбедносните сили, за зачувување на државните приоритети и интереси. Граѓаните на Македонија ќе се борат за земјоделците, младите, пензионерите, работниците и сите други – рече членот на партискиот извршен комитет Никола Тодоров.

Ова доаѓа еден ден по најавениот протест на опозицијата во недела.

Поврзани новости