Груевски: Не размислувам за оставка

by Фокус

По завршувањето на денешната лидерска средба, премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој не планира да поднесе оставка, повикувајќи се на легитимноста која му ја дал народот на последните избори.

-Не размислувам да си дадам оставка. Народот одлучува кој ќе биде на власт, а кој во опозиција, изјави Груевски.

Тој не сакаше да зборува за детали од лидерската средба и рече дека тешко е да се каже дали таа била успешна. Лидерите на четирите најголеми политички партии ќе се сретнат повторно во понеделник во 13:30 часот.

Поврзани новости