ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Рускоска ја сопре истрагата за поткуп на гласачи во Струмица со што на Заев му подари уште една амнестија?

by fokus

По прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, со реакција се јави и ВМРО-ДПМНЕ кое преку соопштение постави неколку прашања.

„Кога веќе Костадинов отиде во обвинителство покрај целосните изнесени невистини за Панче Тошковски да одговори дали ја праша Рускоска:

Зошто обвинителство молчи за криминалот на Зоран Заев?

Зошто нема предмет за признанието на Заев дека нелегално ја финансирал     1ТВ и знаел за рекетот со старечки домови на Бојан Јовановски?

Зошто Рускоска ја сопре истрагата за поткуп на гласачи во Струмица со што на Заев му подари уште една амнестија?

Зошто Рускоска сеуште молчи и не покренува истрага за диктирањето на Заев на пресуди и одлуки на Врховниот суд?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани новости