ВМРО-ДПМНЕ: ЗНМ охрабрува рушење на слободата на говор и приватноста

by Фокус

Здружението на новинари на Македонија, освен тоа што буквално ги преспа и ги толерира физичките напади врз новинари од страна на активисти и симпатизери на опозицијата, денес излезе со срамна одбрана на платеникот на СДСМ Саше Ивановски Политико, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За осуда е тоа што СДСМ, Сорос и пооделни новинари злоупотребуваат човек кој очигледно не е свесен во какви ситуации го буткаат и ставаат. Тие луѓе што го злоупотребуваат Саше Ивановски, го гледаат во него тоа што целата јавност го гледа, но СДСМ, Сорос и одделни новинари се смеат и ликуваат кога ќе успеат да го набуцкаат од себе да го прави тоа што го прави. Тие не само што го толерираат, туку го стимулираат и оправдуваат неговото агресивно однесување. Веројатно и го плаќаат“, стои во реакцијата на владејачката партија.

Од таму додаваат дека ЗНМ и Селмани со ова практично наместо да ги штитат, се првите кои ги газат новинарските стандарди и охрабруваат рушење на слободата на говор и приватноста.

Поврзани новости