Видео: Како Ставрески и Јанкулоска го нарекуваа вицепремиерот Пешевски

by Фокус

Вицепремиерот Владимир Пешевски деновиве е во центарот на ниманието, откако го нападна сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски кој му постави прашање на министерот – дали мисли дека ќе биде уапсен, откако во септември „бомбите“ ќе ги испитува независен јавен обвинител? Пешевски не дочека да му се постави прашањето, се сврте и со тупаници го нападна Саше Политико.

Да потсетиме како во една од „бомбите“ што ги објавува опозицискиот СДСМ, министерот за финансии Зоран Ставрески и поранешната прва полицајка Гордана Јанкулоска , Пешевски го нарекуваа со погрдни зборови како „Хипо“, „куп месо“,„ѓубре дебело“, „идиот невиден“, „копиле“, „свиња дебела“….

22. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Хипо ќе гостувал на ова, кај Миленко.
ГЈ: Супер, Миленко денес го читам по фејсбук, само нека гостува по такви емисии … колумната на Латас и претходните натписи на Зоран Божиновски, мислам можеш да замислиш какви вулгарности, вака, ја не ги ни дочитав до крај, претходно имаше нова серија, офанзива за Мери и што да ти кажам нека си гостува таму, супер друштво е.

23. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ГЈ: Ја да ти кажам не одам, шо.. све се сведува, сегде кај што треба како магаре да се работи, јас, сегде кај што треба за сликање ,Хипо
ЗС: Да бе да, и на крајот ќе биде Хипо активниот
ГЈ: Даа
ЗС: Сељак, незнае што е Куманово, што е Струмица да го прашаш кај се
ГЈ: Абе он незнае, која река тече у Куманово, е да го прашаш која е реката у Куманово..
ЗС: Се е фолирање, ништо нема, се е фолирање. Шо не го праша Нино дали бил наа..
ГЈ: Да, еве..
ЗС: Или Бети
ГЈ: Незнае која река е, а не па куќи поплавени, мислам..
ЗС: Он знаел у Куманово што требало, иии, требало да им се достави на луѓето, требало..
ГЈ: Сто цигани собра од таму, мислам..

24. Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ЗС: Ваква подлост, нечовечки…
ГЈ: Ѓубре дебело, ѓубре.
ЗС: И шефот му ја препратил одма, му напишал Владо вака ли се договоривме да биде изненадување у недела и после ми одговори дека ептен сум.. вика не се секирај ќе средиме се да си дојде на свое место. Ама, не е во тоа работата. Значи која доверба ја утре да ја имам у првиот соработник у владата, така?
ГЈ: И не е ова ексклузивен случај па ќе речеш нешто му се испуштило, систем на работа е.
ЗС: Абе не ми го праи мене, на Никола Груевски му го праи.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Значи премиерот се спрема, викам јас организирам со трите комори да направиме спектакл, настан, едно друго.
ГЈ: Да бе, да.
ЗС: Типов искача на прес за друга тема и одговара на прашање, нарачано се разбира, за прв да каже нешто.
ГЈ: Ѓубре… и гарант од некој комуњарски медиум е значи ќе ти остане и необработено ко шо треба.
ЗС: Нечесен човек, значи невидена работа.
ГЈ: Многу подмокло.
ЗС: Ми е одмилено од све, ја се праам будала, секој ден ми го поставуваат прашањето, ја секој ден одговарам ко идиот сум сам пред себе.
ГЈ: Да бе да, у собрание те рибаат.
ЗС: Шо ја не знам да го одговорам на друг начин или не знам дека ќе ги враќаме долговите. Ја коа го знаев тоа, никој жив не го знаеше. Значи ја сум го смислил, ја сум го изработил, со третиот човек на светска банка договорив да ни дадат 250 милиони евра што на никој не ги даваат у денешно време, по втор пат ни даваат кредит за кој што има одлука у светска банка да не се дава на ниедна земја двапати таков кредит, гаранција е тоа не е кредит разбираш.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Гаранција со која што ни го покриваат ризикот како земја, и наместо 8,5% камата ја ќе зеам со 4,5% кај деловниве сити банки акциите што се.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: И ќе ги истурам компанииве со 200 милиони евра пред избори и стопанство, граѓаниве, сите. Идиотов иде со изјава.
ГЈ: И Хипо.. и тоа без врска ко да е странична работа, давам еколошка дозвола и ова успат го одговара, а ова е бомба у јавноста.
ЗС: Не може ова вака, ова е…
ГЈ: Идиот невиден.
ЗС: Мислам, смачено ми е од ножови у грб бе Горде.
ГЈ: Јас ти викам зборам на телефон и го видов насловот.
ЗС: Не бива вака, земи сработи си го па кажи што сакаш да кажеш и ако се договориш, ама немој бе на туѓ труд.
ГЈ: Не, ама колку работи има што ја можам да ги кажам па не ги кажувам за да оставам простор, или ти не ги кажуваш за да оставиш простор да се изменаџира. Лесно е да излезеш, да поентираш, ама треба да излезеш и кога не е за поентирање.
ЗС: Кај беше копилето за рецесијава да даде изјава. Кај се криеше у која пизда му матер негова дупка.
ГЈ: Ѓубре, ѓубре мислам.
ЗС: Свиња дебела, куп месо.
ГЈ: Многу, многу злобно човечиште.
ЗС: Пичка ли му материна негова. Кај го смисли онаков лош, злобен и невоспитан. Па у Влада уште ми седи.
ГЈ: Безобзирен, безобзирен.
ЗС: Пичка ли му матер негова.

Поврзани новости