„Македонската економија е без кормило и се работи целосно без план. Инвеститорите се уценувани, секојдневно криминалот на улиците цвета, додека граѓаните се осиромашуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Македонија не е веќе позната по добрите вести туку по негативните и црни економски извештаи и биланси. На Македонија со владата на СДС не и бега рецесија и огромна сиромаштија. Животот на СДС значи беда за обичните граѓани. Катастрофалните политики кои ги води владата на СДС во овие четири ипол месеци донесе хаос и уривање на системот во државата. Неспособноста и лагите на СДС се видливи на секое поле во економијата. Заев ветуваше „живот“ и 500 евра плата а после долг период на раст, СДС успеа да ја намали просечната плата за 1.3%, два месеци по ред – се наведува во партиското соопштение.