Дудуш го осуди насилството во Шуто Оризари каде беше повреден неговиот противкандидат Елвис Бајрам

by fokus

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Шуто Оризири, Курто Дудуш, го осуди инцидентот во оваа општина завчера вечерта, во кој беше повреден неговиот противкандидат и актуелен градоначалник, Елвис Бајрам. Тој упати апел до јавоноста дека секое насилство, особено во изборен период, е недозволиво.

„Јавно го осудувам насилството како метод за да се надминат недоразбирањата и разликите. Овој изборен процес Шуто Оризари ќе го помине во фер и демократска атмосфера, не дозволувајќи настанот кој се случи да поттикне понатамошни тензии и инциденти. Бидејќи не бев присутен на настанот, не сум во можност да дадам објективна слика и детали за настанот, но верувам во работата на институциите и во интерес на истрагата нема да излегувам со детали кои ги имам слушнато од сведоци. Да оставиме институциите да си ја завршат професионално работата  и за крајниот исход по завршување на истрагата ќе биде известена и целата јавност“, стои во соопштението на Дудуш.

Поврзани новости