ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски знае само да манипулира

by fokus

На Жерновски му преостанува само она што единствено го знае, да плука, навредува и манипулира, е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, денеска даде исказ во СЈО за демолирањето на општина Центар за кое рече дека доставил докази дека го направиле луѓе блиски до власта.

-Најнеспособниот градоначалник во Македонија, во изминатите години наместо од работа и проекти политички опстојува од манипулации, лаги и политички флоскули. Кога беше претседател на партија не се одлучи сам со својата партија да излезе на избори бидејќи знаеше што го чека од граѓаните, па мораше да се врати во позицијата привезок на СДСМ. Одамна е прочитан овој  евтин интригант кој денес откако е сменет од претседател на неговата партија, од неговите членови тој е и целосно партиски маргинализиран, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости