Поплавените граѓани ќе добијат државни пари кога ќе заврши проценката

by fokus

Премиерот Емил Димитриев денеска изјави дека граѓаните зафатени од поплавите ќе добијат пари од буџетот  веднаш штом  проценките на штети бидат  конечни.

-Сега работиме на исплатата на авансот. Многу луѓе немаат трансакциски сметки и како Влада го регулираме начинот како да го исплатиме авансот. Кога проценките ќе бидат конечни, како ќе стануваат валидни, така ќе бидат исплаќани средствата. Нема да се чека целосно да заврши проценката. Големи средства ќе бидат ангажирани од Буџетот, но мора да покажеме солидарност и разбирање за луѓето, рече Димитриев.

Засега не се знае колку пари од Буџетот ќе бидат одвоени за граѓаните зафатени од поплавите, а во моментов од Министерството за финансии анализираат од каде ќе се обезбедат пари  за 100 % обештетување.

Поврзани новости