ВМРО-ДПМНЕ: Здравко Чолиќ е соросоид, „Чија е оно звезда“ е комуњарска песна!

by lali

frontИзлезе на виделина зошто Здравко Чолиќ летоска не настапи во Охрид, балканскиот Ерусалим или во конзулска Битола, туку одбра да пее во градот кој кланот Заеви го држи во заложништво, велат од владејачката партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, доволно било да се чуе текстот на песната „Чија е оно звезда“ и на секому ќе му станело јасно дека Чола не е ништо друго туку обична комуњара, евтин симпатизер на СДСМ – иако во нивно време ништо не се градеше и не се знаеше каде одат парите. Камен врз камен се немаше ставено!

Властодршците сметаат дека ѕвездата за која пее Чола во нумерата не е никоја друга туку петокраката од знамето на СДСМ и сѐ станува кристално јасно кога Здравко ќе запее „…оно је моја ѕвезда, што ми лежи крај срца“.

Čija je ono zvijezda
ljepša nego danica
ono je moja zvijezda
što mi leži kraj srca!

Треба ли понатамошен коментар, прашуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека граѓаните треба да ја чујат песната и сами да пресудат на чија страна е Здравко Чолиќ.

Disklejmer

Поврзани новости