ВМРО-ДПМНЕ: Заев се однесува како премиер на Грција, на понижувањата им нема крај

by fokus

Зоран Заев секојдневно со своите антидржавни политики ги распродава, ги гази и уништува националните интереси на Република Македонија, велат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Врв на лошите политики кои што ги турка Зоран Заев е формулацијата на референдумското прашање кое го објави за грчката национална телевизија. Зоран Заев на ЕРТ изнесе манипулативни прашања поистоветувајќи ги аспирациите за ЕУ и НАТО со поддршката за катастрофалниот и штетен договор за бришење на македонскиот идентитет. Со тоа Заев ризикува да ги претстави граѓаните дека се анти НАТО и анти ЕУ, доколку ја осудуваат неговата неспособност да обезбеди подобар договор, кој не би бил на штета само на Република Македонија. На понижувањата им нема крај, Заев се однесува како да е премиер на Грција па ги информира прво грчките граѓани, додека нашите граѓани се информираат од странските медиуми. Неспособноста да се спроведат реформите и да се воспостави правна држава кои ги бара ЕУ, Заев ги компензира со продажба на името на државата, велат од партијата.

Поврзани новости