ВМРО-ДПМНЕ: Заев разоткри планови за доекипирање на службите за безбедност

by Фокус

Зоран Заев продолжи да одработува за странски центри и интереси кои се спротивни на интересите на граѓаните и да пушта креирани, сечени, лепени и прелепувани, монтирани материјали кои самите по себе не докажуваат ништо, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето 2-тата „бомба“ за партизирање на администрацијата.

„Се докажа дека крајната цел на сцериото чиј извршител е Заев е токму дестабилизација и обид за внесување криза. Токму затоа омилената тема на Заев е темата за безбедносниот систем, и затоа тој денес недозволиво откриваше информации за капацитетот на безбедносните служби, обидувајќи се да го загрози неговото функционирање. Заев денес на крајно безобзирен начин и повторно неводејќи сметка за државните интереси разоткриваше информации за плановите за кадровското доекипирање на службите за безбедност и зголемување на нивната оперативност. Тоа е класично антидржавно однесување и граѓаните тоа го препознаваат и затоа не го подржуваат“, стои во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости