Владиката Тимотеј: Вранишковски е полтрон и платеник

by Фокус

Работата е јасна, расчинетиот владика Јован Вранишковски е полтрон и платеник на другите служби. Ова е ставот на Владиката Тимотеј на изјавата на Зоран Вранишковски дека МПЦ не може да добие автокефалоност.

За ставот на Вранишковски дека МПЦ е создадена со политички одлука со цел да се осигура македонскиот идентитет, Владиката Тимотеј вели дека тоа е класично извртување на историјата.

Ваквите изјави на расчинетиот Вранишковски доаѓаат во пресрет на почетокот на преговорите помеѓу МПЦ и СПЦ под медијаторство на Руската православна црква. Услов за нивно започнување беше ослободувањето на Вранишковски.

Поврзани новости