ВМРО-ДПМНЕ: Заев нека излезе на предвремени парламентарни избори, па да го видиме рејтингот

by fokus

По објавувањето на анкетата која што Телевизија Телма ја спроведе во соработка со М-Проспект и МЦМС, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ сака да го повика СДС и Зоран Заев да се охрабрат и да излезат и на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе кажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДС. Само така ќе се расчистат дилемите, односно забуните кои се створија бидејќи денес беше објавена истата оваа анкета, изработена од истите луѓе пред само еден месец која покажала сосема други резултати, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Анкетата од крајот на месец јули, велат од партијата, резултатите од МЦМС покажале дека ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето Доколку утре се одржат избори за која партија би гласале, 27.1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 22.7 отсто.

Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски вечерва на Телма рече дека тие не спровеле никаква анкета во јули.

Поврзани новости