Советничката листа на СДСМ во Центар ќе ја предводи активистка од „Во одбрана на Дебар Маало“

by fokus

СДСМ ја прифатиле платформата на граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ и и понудиле на иницијативата нејзин член да биде носител на советничката листа на СДСМ во Центар.

-На состанокот кој беше одржан на 12.09.2017 со претставници од СДСМ Дамјан Манчевски и Саша Богдановиќ на претставниците од Во одбрана на Дебар маало им беше гарантирано дека платформата се прифаќа во целост и ќе биде дел од нивната програма за локалните избори. Претставниците на СДСМ изразија подготвеност член на граѓанската иницијатива да биде носител на листа за советници за општина Центар како независен кандидат на коалицијата предводена од СДСМ. Бидејќи СДСМ беше единствената политичка сила што ни пријде и даде гаранции дека нашата платформа ќе се спроведе, Во одбрана на Дебар маало го прифати овој предлог и ќе ја поддржи Јана Белчева Андреевска како независен кандидат на листата на коалицијата предводена од СДСМ, соопштуваат од иницијативата.

„Во одбрана на Дебар Маало“ е граѓанска иницијатива формирана во 2015 од жителите на Центар кои живеат во Дебар маало и околината со единствена заедничка цел – унапредување на квалитетот на животот во маалото и градот.

Поврзани новости