СДСM, Заев и Тевдовски ги задолжија граѓаниte за нови 71 милион евра, со што сумата се искачи за неверојатни 431 милион евра. Дополнително на ова Заев и Тевдовски од државните резерви стопија 180 милиони евра, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Се случува и грабеж на македонската економија, фабрики како „Фени“ згаснуваат, а „Еврокомпозит“ и „Колска“ се далеку од решение. Единствената работа што ја прави владата на СДС и Зоран Заев е задолжување на граѓаните на Република Македонија. На алчноста ѝ нема крај. Неодговорната и неграѓанска влада на СДС ја задолжи Република Македонија за вртоглава сума од 611 милиони евра. СДС и Заев со години лажно глумеа дека државата е задолжена, а во предизборниот период ветуваа дека нема да ги задолжува граѓаните. Но, очигледно е дека Заев ги излажа граѓаните на Република Македонија – се наведува во партиското соопштение.