ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Јанева сметаат дека се над Уставот и законите во Македонија

by Фокус

Денеска обвинетиот Зоран Заев срамно и недолично го нападна судот со аргументите со кои претходно судот беше нападнат и од Катица Јанева. Заедничко за двете изјави е тоа што и обвинетиот Зоран Заев и Катица Јанева сметаат дека се над судот, над законите и Уставот на Република Македонија и дека тие се факторите кои треба да му наложат на судот како треба да работи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

–  Заев одбива да се појави на закажаните судски рочишта за „Пуч“ како и за „поткупот за 100.000 евра за Вицето“ а редовно се појавувал на рочиштата во судот во Струмица во кој тој се јавувал како странка што тужи. Ваквата симбиоза меѓу обвнитетиот Зоран Заев и Катица Јанева не е нова. Јавноста сеуште го памети скандалот кога Катица Јанева без увид во предметот и документацијата одлучи дека нема потреба од притвор за обвинетиот Зоран Верушевски, а потоа обвинетата Соња Верушевска за ваквата одлука на Катица Јанева јавно му се заблагодаруваше на Зоран Заев за ослободувањето од притвор на нејзиниот сопруг – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости