Јавно обвинителство: СЈО не соработува во истрагата за кривичните пријави

by Фокус

Основното јавно обвинителство денеска реагира на соопштението на Специјалното јавно обвинителство оти тие, како и други институции ја опструираат нивната работа и велат дека за разлика од нив, Специјалното обвинителство не соработува во истрагата за кривичните пријави против тимот на Јанева. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

До сега на сите барања доставени од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите овие две обвинителства постапиле соодветно и навремено.

Сите првично побарани предмети се доставени со севкупната расположлива документација во законски утврден рок за што јавноста беше информирана. Мал дел од дополнително побараните предмети од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје се проследени до Советот на јавните обвинители како единствено надлежен орган пред кој Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е одговорно за законито постапување. За оваа постапка СЈО беа писмено известени.

По однос на предметите што Специјалното обвинтиелство ги побара на увид, истото е известено дека во секое време може непречено да изврши увид во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје, се вели во соопштението на Основното обвинителство.

Според нив, овие постапки неспорно укажува дека обвинителствата се отворени за соработка со Специјалното обвинителство и дека нема пречки за остварување на истата во законски утврдени рамки.

„Воедно, Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека по повод поднесените кривични пријави против лицата од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, до истото упати повеќе покани што согласно Законот за кривична постапка треба да бидат доставени до лицата за кои се наменети.

За сите покани до Основното јавно обвинителство – Скопје е одговорено од страна на Јавниот обвинител што раководи со Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите дека цитираме:

„Во врска со поканата упатена до …, Ве известуваме дека лицето нема да даде исказ во означеното време како што е наведено во поканата. Согласно одредбите од Законот за кривична постапка и чл.10 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите потребно е детално да ме известите за причините за повикување на …. и тогаш ќе биде врачена поканата.“

Сето ова, упатува на заклучок дека Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не соработува и постапува спротивно на законот спречувајќи го расветлување на случаите што се во надлежност на Основното јавно обвинителство – Скопје, а во кои се инволвирани лица од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во тој контекст, ја подржуваме иницијативата за воведување на ново кривично дело – Попречување на правдата со цел да се отстранат опструкциите со кои се соочува Основното јавно обвинителство – Скопје во своето постапување, а кои во иднина може да се појават и во надлежно постапување и на другите обвинителства.

Поврзани новости