ВМРО-ДПМНЕ: Заев го жртвува соживотот во Македонија

by Фокус

-Зоран Заев свесно сака да предизвика конфликти во Македонија. Во желбата за власт за себе, Зоран Заев е спремен да жртвува сe, и мирот, и стабилноста, и економскиот развој и соживотот меѓу граѓаните. Неговото погубно сценарио не е нешто што го сакаат граѓаните на Македонија, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната „бомба“ на опозицијата.

Од ДПМНЕ велат дека ниту еден разумен човек не сакал конфликти, насилства, омраза и напади, а Заев тоа го посакувал за да дојде на власт и да ги сруши, како што велат тие, легитимните институции во државата.

-ВМРО-ДПМНЕ сака да потенцира дека ова однесување на Зоран Заев е целосно неодговорно и нанесува далекусежни последици. Граѓаните на Македонија нема да дозволат еден човек и неговата неодговорност сите да нe втурнат на патеки кои не ги посакуваме, се вели во соопштението на владејачката партија.

 

Поврзани новости