ВМРО-ДПМНЕ: Заев е решен да ја направи Македонија двојазична, не се откажува од Тиранската платформа

by Fokus

„Криминалецот Заев и злосторничкото здружение во врвот на СДСМ упорно ја туркаат Тиранската Платформа и не се откажуваат од нејзината реализација спротивно на волјата на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него за да дојдат на власт и да се спасат себе си од многубројните кривични прогони за криминалите кои ги извршиле се спремни во целост да ја реализираат платформата од Тирана. Криминалецот Заев за својата лична амнестија за криминалите кои ги сторил е решен Македонија да ја направи двојазична, да ги прогласи за геноцидни сопствениот народ и држава, да го промени името на државата по грчки терк и во крајна фаза да ја федерализира Македонија – се наведува во партиското соопштение.

Од таму тврдат дека Заев го демантира и Зијадин Села кој јавно кажа дека без реализирање на Тиранската Платформа не влегува во Влада.

– Зијадин Села е човекот од кого ќе зависи идното владино мнозинство на Заев, а кој јавно кажува дека македонската нација пред 100 години не постоела, дека не го признава македонското знаме и химна и дека сака да ги смени и нив и Уставот – продолжува понатаму во соопштението од ДПМНЕ.

 

Поврзани новости