Најниска температура денеска до нула степени, во Маврово снег

by Fokus

Времето во Македонија утрово е облачно и посвежо, на повеќе места со врнежи од дожд, поинтензивни на југот од земјата.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Маврово во осум часот е измерена висина на снежна покривка од два сантиметра. Најниска температура од нула степени е измерена во Маврово, Крушево и Лазарополе, два степена во Тополчани, 4 во Ѓуриште, Пожаране и Охрид, 5 степени во Дебар, Претор, Крива Паланка, Берово и Битола, 6 во Тетово и Прилеп, 7 степени во Куманово и Виница, 8 степени се измерени во Скопје, Дојран, Струмица и Штип, 9 во Демир Капија и 10 степени во Гевгелија.

 

Поврзани новости