СДСМ: Заради криминалните интереси на Груевски, ДПМНЕ ја загрозува стабилноста на државата

by Fokus

„Парламентарното мнозинство од 67 пратеници, избрано на кредибилни избори ќе го избере новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија. Тоа ќе се случи многу брзо, според Деловникот, Уставот и законите, реагираа од СДСМ.

– Постои легитимно формирано парламентарно мнозинство коешто е власт во државата, зад кое што стојат најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени на режимот. Тоа мнозинство има обврска да ја спроведе граѓанската волја. Исто така, има обврска да ги спречи деструктивнте политики на Ѓорге Иванов и на Никола Груевски, што за криминални интереси на Груевски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваат стабилноста на државата и квалитетот на живот на граѓаите – се наведува во партиското соопштение.

Според нив, очигледно е дека недостига здрав разум, штом Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште се надевале дека се некаков фактор во политичките процеси, иако со нив граѓаните расчистија на 11 декември 2016 година.

– За да биде јасно, повторуваме, дека Груевски напразно моли да седне на преговарачка маса. Амнестија нема! Ќе има правна држава којашто ќе важи за сите граѓани подеднакво. Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да се негова лична своина. Прво, парламентарно мнозинство веќе постои и тоа никој не го бара од него! А, и дали некои од опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдат здрав разум и ќе ги поддржат реформите по формирањето на новата реформска Влада, исто така не зависи од Груевски – велат од СДСМ.

 

Поврзани новости