НДП влегува во Собранието

by Фокус

Иако пред еден месец, НДП одлучи да го бојкотира Собранието, сепак во последен момент се предомислија. НДП влегува во Собранието, откако Државната изборна комисија (ДИК) го известила вчера Собранието на Македонија дека Мирсада Емини – Асани го прифаќа мандатот.

НДП освои едно пратеничко место, но носителот на листата во 6-тата Изборна единица, Руфи Османи, доскорешен претседател на партијата, пред конституирањето на новиот собраниски состав, поднесе оставка, исто како и сите 20 кандидати на листата, но откако Емини – Асани решила да го прифати мандатот, сега НДП ќе биде присутна во Собранието.

Поврзани новости