-Зоран Заев во своето обраќање на прес конференции искажа еден куп лаги, конструкции и невистинити квалификации кои се во функција на остварување на сценарио за разнебитување на државата, со цел да дојде на власт без да ја има довербата од граѓаните – реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која тој објави снимки од разговори меѓу високи функционери на власта.
Според партијата на власт, Зоран Заев и денеска продолжил да одработува за странските центри и нивните агентури во државата, на директна штета на интересите на Република Македонија и нејзините граѓани.
-Зоран Заев со секој негов чекор без дилема потврдува дека креираните материјали кои ги употребува се креирани во соработка со странски центри, а тој е инструмент во спроведувањето на ова сценарио. СДСМ и Зоран Заев не можат да бидат конкурентни со програма, проекти и идеи корисни за граѓаните, туку единствено се добри кога станува збор за исполнување на туѓи агенди кои се штетни за сопствената држава.