Рејтинг: Не сме доставувале податоци на СДСМ за пораз на Пендаровски

by Фокус

Агенцијата Рејтинг, која се занимава со испитување на јавното мислење, ги демантира написите кои ги објавија некои медиуми дека доставувала податоци на СДСМ кои укажувале на пораз на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

-Агенцијата Рејтинг ја известува јавноста дека се апслоутно неточни, невистинити и тенденциозни податоците кои ги обајвувија некои медиуми, дека само неколку дена пред изборите, Рејтинг на СДСМ му доставувал податоци кои укажуваат на голем пораз на Пендарвоски, додека во јавноста објавил нешто сосема друго. Анкетата која ја објавуваат овие медиуми е изработена во Декември 2013 односно речиси пет месеци пред изборите. Во тоа време, по барање на нарачател кој не е СДСМ, беа тестирани потенцијалните личности за кандидати за претседател на двете најголеми политички партии – се вели во демантот на агенцијата.

Од агенцијата додаваат дека ќе поднесат тужба за клевета до сите медиуми кои ја пласирале оваа шпекулација, доколку исправката на агенцијата не биде објавена.

Поврзани новости