ВМРО-ДПМНЕ: Заев да поднесе оставка и да се формира влада на национален спас

by fokus

Зоран Заев и оваа влада да поднесат оставка и да се формира влада на национален спас, која ќе даде одговори на оваа голема криза во која се наоѓа Македонија. Криза во однос на блокадата на евроинтегративниот пат, но исто така здравствена и економска криза со коронавирусот, побараа и денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на партијата, Александар Николоски, рече дека нивниот предлог е да се формира влада за национален спас.

-Тоа е нашиот апел, тоа е нашето барање кое очекуваме СДСМ и останатите политички партии од власта да го послушаат, заеднички да поддржиме влада за национален спас, која ќе ја извади Македонија од, можеби, најголемата криза од нејзината самостојност, рече Николоски.

Поврзани новости