Не чувствувам одговорност за Бугарија, целиот свет знае колку сме Европејци, вели Заев

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, не чувствуваат одговорност поради блокадата на Бугарија. Според претседателот Пендаровски, блокадата се базира на барања на Софија надвор од Договорот за добрососедство, додека пак премиерот Заев рече дека целиот свет не гледа како Европејци со поглед кон иднината.

Пендаровски, на прес-конференција по завршување на Советот за безбедност, во одговор на новинарско прашање рече дека не чувствува одговорност за ветото кое е се поизвесно од Бугарија, затоа што не е договорено ништо ниту писмено, ниту усмено, надвор од Договорот за добрососедство.

– Да сме потпишале нешто надвор од тој договор, тогаш би можеле да барате одговорност. Не мора ни да барате, сами ќе си заминеме, рече Пендаровски.

Заев исто така рече оти не чувствува одговорност за блокадата на Бугарија. – Не чувствувам одговорност затоа што целиот свет знае да не пофали, знае да не награди и знае да го покаже тоа колку сме луѓе со поглед кон иднината, колку сме Европејци, и како тоа го правиме во европски манири, истакна премиерот.

Поврзани новости