Маричиќ најавува филтрацијата на судството и обвинителството

by fokus

Судството во земјата ќе биде филтрирано, меѓу другото и со цел да се зголеми довербата која ја имаат граѓаните во правосудниот систем, реќе министерот за правда Бојан Маричиќ во рамките на конференцијата „Премостување на јазовите помеѓу формалните процеси и неформалните практики кои ја обликуваат судската култура на Западен Балкан“.

– Процесот на филтрирање на судството и обвинителството, меѓу останатото, треба да нѝ покаже дали имаме сериозен проблем со неформалниот кодекс на однесување. Овој процес веќе го најавивме и очекуваме набрзо да ја објавиме методологијата по која сметаме дека треба да се спроведе. Секако овој процес ќе го води Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Целта е да се зголеми довербата во правосудниот систем преку одвојување на судиите и обвинителите кои совесно и одговорно си вршат работата, од оние кои тоа не го прават, истакна Маричиќ.

Поврзани новости