ВМРО-ДПМНЕ: За пет месеци Владата не изгради ништо во Гази Баба

by fokus

Ниту една влада на СДС не изгради ниту еден проект за Гази Баба, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„За 5 месеци владата на Зоран Заев нема ниту еден предвиден или изграден проект за Гази Баба, за илустрација градоначалникот Тони Трајковски за 5 месеци изгради 10 километри асфалтирани патишта. Бидејќи кандидатот за градоначалник на СДС, Борис Георгиевски говори за Стајковци и Автокоманда, ВМРО-ДПМНЕ само за овие две места предвидува десетици конкретни проекти како:

• Изградба на нова детска градинка тука во Стајковци, градбата беше одложена поради тоа што новата влада на СДС со ребалансот на буџетот ги укина средствата кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги намени за нејзина градба. Општината со сопствени средства ќе ја изгради.

• Изградба на нова фискултурна сала во Стајковци.

• Набавка на нов училишен мебел и инвентар за училиштето „Св. Кирил и Методиј“.

• Изградба на нов регионален спортски центар помеѓу Стајковци и Црешево“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости