Повредено дете во сообраќајка во Штип

by fokus 13:17
13:17

Шестгодишно девојче е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Штип. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило „Рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Т. (32) од Штип.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 8.45 часот на крстосницата од улицата „Черења“ и улицата „Косовска“ во Штип.

- Advertising -

Девојчето било пренесено во Медицинскиот центар Штип. По укажаната лекарска помош била пренесена и задржана во Клиничкиот центар Скопје.

Поврзани новости