650
-Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка. Венко Филипче го внесува системот во хаос. Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека нѐ очекува есенски бран. Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип, а со тоа ги остави возрасните и хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија. Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, и со своето лошо менаџирање само придонесува медицинскиот кадар да ја напушта државата, се вели во партиското соопштение во кое се бара одговорност.