Словенија oд утре забранува движење меѓу општините

by Fokus

Поради големиот број на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува веќе постоечките мерки, па забраната за движење надвор од општините во кои живеете ќе стапи на сила во вторник.

Ова го објави во неделата вечерта премиерот на Словенија, Јанез Јанша.

Ограничувањето на движењето кон општините најпрво ќе биде во сила седум дена за целата земја и постепено ќе се воведе релаксација во регионите кои први ќе го ограничат ширењето на епидемијата, објави Јанша на својот профил на Твитер.

Јанша истакна дека засега нема да има потреба да се сместуваат болните во шатори или други модуларни болници.

Во Словенија, во саботата се потврдени 1.675 нови случаи на инфекција со коронавирус, починаа пет пациенти, што е втор најголем број на пациенти од почетокот на епидемијата и најголем по рекордните 1.961 инфекции претходниот ден.

Бројот на пациенти во болниците продолжува да се зголемува, каде во неделата се хоспитализирани 508 пациенти, од кои 71 се на единиците за интензивна нега.

„Локдаунот“ е во сила од саботата, па затоа, меѓу другото, продавниците се затворени, освен оние што продаваат храна и основни потреби, забранета е работата на фризерските и салони за убавина, велнес центрите, базените, кината, театрите и спортски сали. Наставата се одвива онлајн, објави Јутарњи лист.

Поврзани новости