Ердоган до САД: Турција не е племенска држава

by Fokus

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека САД не треба да го одложуваат воведувањето на санкции кон Анкара поради неодамнешната проба на рускиот противвоздушен систем С-400.

– Какви и да се санкциите немојте да ги пролонгирате туку применете ги. Вие (САД) ни кажувате да го вратиме С-400. Ние не сме племенса држава, ние сме Турција, истакна Ердоган.

САД во петокот повторно предупредија дека односите со Турција ќе бидат загрозени поради турското тестирање на системот С-400.

Стејт департментот соопшти дека тестирањето е „некомпатибилно со одговорноста на Турција како сојузничкана НАТО и стратешки партнет на САД“.

Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции кон Турција доколку биде активиран С-400.

Анкара договорот за купување на С-400 од Русија го потпиша во 2017 година, а првата батерија е испорачана во јули минатата година.

Поврзани новости