Време е СДСМ да се помири со поразот и да прекине со погубното сценарио за урнисување на нашата држава, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Време е да сопре очајничкото однесување на Зоран Заев и СДСМ, кое оди против волјата на граѓаните. Целата јавност гледа дека Зоран Заев е подготвен да ја свитка кичмата за личниот интерес и болната желба за власт. Зоран Заев и СДСМ и денеска се подготвени за власт да ја прифатат и реализираат Платформата смислена во Тирана. Нека размислат и нека се откажат од антидржавното сценарио додека не е предоцна. Веднаш ќе ја добијат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада, но условот за нашата поддршка е да се откажат од редефинирањето на државата, двојазичноста, кантонизацијата и федерализацијата, како и бинационалниот концепт на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.