Ахмети ќе чека Заев да го земе мандатот, па потоа ќе одлучува

by fokus

Али Ахмети најверојатно повторно ја одлага одлуката дали ќе биде власт или опозиција за денеска, иако од ДУИ во петокот и официјално ја најавија за денеска, како и продолжување на состанокот на ЦП во Мала Речица, пренесува Телевизија 24.

Велат најпрвин ќе почекаат Заев и официјално да стане мандатар.
Нема информација дали ова значи дека до вечер, доколку Заев го добие мандатот од Иванов можно е да се состане ЦП во Мала Речица

-Состанокот на ЦП не е закажан, а најверојатно и нема да се одржи денеска, туку во наредните денови. Нема причина зошто денеска да има ЦП или одлука. Потписите се дадени заради добивање мандат. Откако ќе го добие мандатот има 20 дена за одлуки, договори, опции-малцинска или коалициска Влада, вели висок партиски функционер на ДУИ.

Поврзани новости