ВМРО-ДПМНЕ потрошила 1 милион и 191 000 евра за предизборната кампања, а собрала приход од 174 000 евра, покажува извештајот на партијата доставен до Државната изборна комисија.
Во него, партијата пријавила дека е во минус околу 1 милион и 24 илјади евра.
За реклама и пропаганда се потрошени 847.686 евра, за репрезентации околу 6.000 евра, за други услуги околу 5.500 евра, за патни трошоци и дневници околу 8.500 евра.
СДСМ пак, за изборната кампања потрошила значително помалку или 231.544 евра, а пријавила приходи од 289 659 евра.
ДУИ пријавила приходи од 78.134 евра, а расходи во износ 280.235 евра. ДПА за изборна кампања потрошила 26.185 евра.
Најмалку пари во кампањата потрошила Левица, која од донации собрала 18.500 денари, а потрошила 41.216 денари.