ВМРО-ДПМНЕ: Владата отвора простор за партиски вработувања во администрацијата

by fokus

Со измените на Законот за државна администрација се отвора вратата за партиски вработувања и бркања од работа на вработените кои не се политички подобни, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на измените на Законот.

-Ова не е реформа туку политизација на целокупната администрација по која многумина политички неподобни ќе останат без работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено до медиумите.Постојниот Закон за државна администрација беше донесен во целосна согласност со европското законодавство и беше највисоко оценет од експертската јавност. Новите измени што ги предлага Владата се во насока на рушење на постојните стандарди и воведување полесни механизми за бркање од работа. Вработените ќе бидат незаштитени, со што се нарушуваат основните работнички права, се вели во соопштението на опозициската партија.

Можноста, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, што се предлага за унапредување по неколку скалила одеднаш претставува деградирање на целокупниот систем и можност партиските кадри на СДСМ без потребното искуство да бидат унапредени.

Поврзани новости