Нов протестен марш за одземање на мандатот на премиерот Заев

by fokus

Групата на здруженија која себеси се нарекува „Коалиционото единство со Македонскиот народ“ по втор пат ќе организира протестен марш со кој ќе побараат претседателот Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев.

-Групата на здруженија го организира овој марш поради немање разбирање, ниту одговор на протестните Барања, ниту од Делегацијата на ЕУ во РМ ниту од Претседателот на РМ, доставени на ден 12.10.2017 година и поради наметнатиот диктаторски медиумски мрак и заробени медиуми. Протестниот марш, од делегацијата на ЕУ до вилата на претседателот на Водно, продолжува мирно, цивилизирано и одговорно, пред и во народната канцеларија на претседателот на 10 ноември, петок во 17 часот, се вели во повикот.

За разлика од минатиот протестен марш, одржан на 12 октомври, од повикот за овој марш, изостануваат „Семакедонски национален совет Македониум“ и здружението „Тврдокорни“.

Поврзани новости