Од партијата ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваат власта за нејзините политики во здравството бидејќи до сега не инсталитала ниту еден ангиограф во болниците низ Македонија. Наместо тоа, велат од партијата, неодговорно ги троши парите од задолжувањата кои во првите 100 дена Влада достигнаа 350 милиони евра.
„ВМРО-ДПМНЕ со 35 милиони денари инсталира ангографи во болниците низ Македонија со што постави високи европски стандарди на кардиолошката мрежа.Неодоговорната влада на Заев за 350 милиони евра можеше да набави околу 580 ангографи кои многу ќе им значеа на граѓаните. Расипничката влада не набави ниту еден, а граѓаните не знаат каде се потрошени нивните пари“, стои во соопштението.
Граѓаните, велат од таму, на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика која ја спроведува СДСM и Заев.
„Очигледно е дека за овие 100 дена владеење на Заев и СДС, здравјето на граѓаните е ставено во втoр план, a пак приоритет e луксузирањето и задоволувањето на нивните партиските војници. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места“, додаваат од партијата.