МНР лоцираше Македонец на островот Ст. Мартин погоден од ураганот Ирма

by fokus

Министерството за надворешни работи лоцирало македонски државјанин на островот Ст. Мартин погоден од ураганот Ирма кој ги зафати Карибите и брегот на САД и. Од МНР се обидуваат преку социјалните мрежи да стапат во контакт со него. Од таму велат дека до сега во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани.

„Во комуникација сме и со Канцеларијата на странски мисии во Вашингтон и до денес немаме добиено информација за пријавени македонски државјани од погодените подрачја. Од социјалните мрежи дознавме дека има еден македонски државјанин на островот Ст. Мартин. Иако островот територијално припаѓа под јурисдикција на Франција и Кралството Холадија, поради географската близина сепак пробавме да стапиме во контакт уште во текот на вчерашниот ден (преку социјалните мрежи) но се уште немаме добиено одговор“, соопштуваат од Министерството.

Од таму ги повторуваат телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време: 202-390-7418 и 202-667-0501.

Според локалните власти, иако ураганот паднал на четвртиот степен од Сафир-Симпсон скалата, тој се’ уште претставува опасност за жителите на Флорида.

Од МНР им препорачуваат на загрозените граѓани: постојано да се информираат за ситуацијата; да ги следат строго упатствата на локалните власти; не ја потценувајте опасноста и доколку сакате да се евакуирате, направете го тоа; според податоците од Националниот центар за урагани во Вашингтон, ураганот Ирма ќе стигне до брегот на Флорида во недела, во петокот вечер, аеродромите Мајами и Форт Лодердејл нема да работат.

Поврзани новости