СДСМ: Заврши времето кога Груевски ја изолираше Македонија за свои криминални интереси

by fokus

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за лични криминални интереси ја изолираа државата и создаваа конфликти со соседите и меѓународната заедница. Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на остварување на национаниот интерес за полноправно членство во ЕУ и НАТО и да ја зајакнува меѓународната позиција на Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја поткопуваше“ се вели во денешното соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека бројните посети на светските метрополи од страна на владини и делегации на министерско ниво, ги подобруваат и унапредуваат билатералните и мултилатерални односи на Република Македонија и отвораат можности за влез на нови странски инвестиции, нови работни места, зголемен извоз и посилна меѓународна позиција.

„За само сто дена, Владата предводена од СДСМ преку конструктивна, посветена и одговорна работа ги унапреди меѓународните односи и ја врати државата на патот на евроатлантските интеграции. Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија, докажа дека Република Македонија може самостојно да ги решава отворените прашања со соседите, а решенијата да бидат во заемна корист и во заеднички интерес на граѓаните на двете држави“, велат од СДСМ.

Од изолирана и запоставена земја од Западен Балкан, посочуваат од партијата, Македонија се наметна како клучен регионален фактор што придонесува за целосна евроатлантска интеграција на регионот.

„На Самитот на Западен Балкан во Трст, во рамките на Берлинскиот процес, со поддршка на Европската Унија, Македонија активно учествуваше во иницијатива што ќе ја смени и економијата и живтниот стандард на граѓаните во земјите на регионот. Воената вежба на Криволак, ја афирмираше НАТО апсирацијата на нашата држава и ги постави на ново рамниште односите со нашиот стратешки сојузник, Соединетите американски држави“, додаваат од таму.

 

Поврзани новости