488
За неполни три месеци, владата на СДСМ од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии подигна 334 милиони евра, што значи дека со тие пари можеше да се набават околу 33.400 нови инкубатори кои би спасиле детски живот, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нови инкубатори не се набавија, а парите со кои СДС ја задолжи државата едноставно испарија. Единствено што на владата на Зоран Заев им успева е да ја задолжуваат државата и граѓаните. Каде испарија народните пари во вредност околу 334 милиони евра, по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжување од издадени државни хартии од вредност?“, прашуваат од ДПМНЕ.