Владата им даде приоритет на слугите во Обвинителството и судството, пред лекарите, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ја коментира уредбата на владата за исплата на пари за СЈО во време на вонредна состојба.
-Замислете приоритет имаат тие неколкумина дечиња на слугите во судството и обвинителството на СДСМ на сметка на сите оние медицински лица, сите оние доктори кои што се во првата борбена линија и се справуваат со оваа пандемија голораки. Навистина не можам ниту како човек, ниту како политичар да кажам освен тоа дека ми се гади од ваквиот начин на злоупотреба на чувствата на луѓето и она со кое што денеска се соочуваат македонските граѓани, македонската нација, останатите граѓани кои што живеат во Македонија. И навистина апелирам сето ова кое што се случува во најскоро време да престане да се случува бидејќи тоа ниту носи добро во справувањето со пандемијата, ниту носи добро за граѓаните на нашата држава, рече Мицкоски.
Опозициската партија и во соопштенијата коишто ги испрати утрово ја обвини власта дека носи уредба за исплата на средставата на вработените во СЈО чиј статус остана нерешен.