Филипче: Се наоѓаме во критичен момент, се очекува раст на заболените од корона

by Frosina Fakova 14:44
14:44

Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19 и имајќи предвид дека одиме кон пикот во следните неколку недели влегуваме во нова фаза на менаџирање на целокупниот процес. Доколку ситуацијата отиде во полоша состојба ќе предложиме и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста, најави министерот за здравство Венко Филипче.

На денешната видео средба со новинарите, Филипче најави дека од денеска и болницата „8 Септември“ е подготвена за дијагностицирање и лечење на заболени од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети, што ги нуди болницата. Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.

- Advertisements -

Како нов регионален центар за справување со пандемијата ја посочи болницата во Битола каде, како што кажа, во моментот има 35 кревети на располагање кои можат да се зголемат до 100. Во преговори сме, додаде,и со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура. -Верувам дека и тие ќе бидат вклучени наскоро, рече Филипче.

Најави дека сите јавни здравствени установи во земјава имаат доволно заштитна опрема. Имаме сосема солидни резерви, а во текот на неделава ќе ги дополниме. Имаме, посочи, заштитна опрема што секаде се корсти, а за жал секаде во светот има заразени доктори, некаде и починати.

Прецизира дека неделава ќе се врши набавка на респиратори, а главниот критериум ќе биде брзината на испорака. На сметката на Министерството за здравство, како што кажа, има донации од 500.000 евра од домашни компани, а има и донации на медицински апарати и големи количини на заштитна опрема од околу еден милион парчиња, како и донирани возила кои им се доделуваат на центрите за јавно здравје.

Поврзани новости