ВМРО-ДПМНЕ вели дека води во Аеродром, а победиле во Сопиште, Јегуновце и Могила

by fokus

Партиите полека почнуваат со лиферување неофицијални резулати од терен за дел од општините.

Од ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека во прв круг победиле во Сопиште, Јегуновце и Могила. Во овие општини имаше по два кандидати, што значи победникот ќе биде решен во прв круг.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Аеродром, Тимчо Муцунски за „Фокус“ вели дека водат на сите избирачки места во Аеродром, Ново Лисиче и Лисиче. За тоа дали очекува победа во прв круг, вели „Ќе видиме“.

К.С.Б.

Поврзани новости