Уценетиот Заев ги натера пратениците на СДСМ да гласаат закон за двојазичност кој што знаат дека е спротивен на Уставот, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев е уценет човек. Зоран Заев минатиот март лично тврдеше дека експертите му ја укажале за неуставноста на секое решение кое би предвидувало двојазични пари и униформи. Овој закон со кој се наметнува двојазичноста на целата територија на Република Македонија е штетен, неприменлив и неуставен . Одлуката на Претседателот Иванов да не го потпишува указот на законот за двојазичност е државнички потег и единствен можен кога флагрантно се крши Уставот и се дерогира правото. ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека за ова флагрантно кршење на правниот поредок на државата одговорност ќе има. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација и кривична пријава против Талат Џафери, кој ја узурпираше функцијата претседател на Собранието на Република Македонија. Зоран Заев и СДСМ се обидуваат да направат дефокус од катастрофалните политики на секое можно поле. Затоа сме сведоци на невиден политички прогон поврзан со настаните од 27 Април, но и сите други неистомисленици на оваа антиреформска Влада, велат од партијата.