Македонците од Канада протесираа и бараат Владата да ги прекине преговорите со Грција

by fokus

Македонците кои живеат и работат во Калгари, Канада вчера протестираа против начинот на кој се донесе Законот за употребата на јазиците. Исто така, побараа и Владата да најде начин Македонија да биде примена во Обединетите нации под уставното име.

-Исто така, бараме од македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските човекови права за самоиднетификација и го презира дигнитетот и достоинството на македонската нација каде и да сме. Затоа, бараме македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето уставно име, побараа Македонците кои протестираа во Канада.

Поврзани новости